-->
-->
ЦЈЗ Куманово: Пет новозаболени од Ковид-19, еден починат
-->
Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира пет новозаболени лица од Ковид-19, четири од Куманово и еден пациент од Липково, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Министерството за здравство соопшти дека 68 годишна пациентка починала во амбуланта на Инфективната клиника.
– Сите новозаразени веќе имале контакти со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска се направени 65 тестирања од кои по 17 по „Мој термин“ и 48 епидемиолошки тестови.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.379, а во моментов активни се 340 случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден