Црна Гора: Членството во НАТО чини 450.000 евра годишно
Финансиската обврска на Црна Гора кон НАТО за членарина на годишно ниво ќе изнесува околу 450.000 евра, соопшти црногорското Министерство за одбрана.
Тоа е 0,027 отсто од вкупниот заеднички годишен буџет на Алијансата и тоа се единствени средства што Црна Гора има обврска да ги издвои за потребите на НАТО.
Соопштението на црногорското Министерство за одбрана уследи откако претседателот на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ изјави дека членството во НАТО граѓаните на годишно ниво ќе ги чини 70 милиони евра.
Црногорското Министерство за одбрана посочи дека комплетниот буџет за одбраната на земјата за 2017 година изнесува 45 милиони евра, средства наменети за вложување во црногорскиот систем на одбрана, за плати за вработените, за одржување на опремата и за модернизација.
- НАТО има јасно поставена финансиска формула која опфаќа прецизни и наменски квоти на вложување во заедничкиот систем на одбрана и безбедност, По таа формула, финансиската обврска на Црна Гора кон НАТО, за чланарина на годишно ниво изнесува околу 450.000 евра односно 0,027 отсто од вкупниот заеднички годишен буџет на Алијансата, истакна претставник на црногорското Министерство за одбрана.
Тој додаде дека секој граѓанин на Црна Гора членството во НАТО ќе го чини 72 центи на годишно ниво.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“