Црна Гора ќе уништи 403 тони оружје

Црна Гора наредните 15 месеци ќе треба да уништи 403 тони вишок вооружување, што ќе претставува почеток на проектот НАТО Фонд за демилитаризација, соопшти денеска црногорското Министерство за одбрана.
Акцијата, за којашто НАТО Фондот ќе издвои 700.000 евра има за цел уништување на оружјето на начин кој гарантира безбедност за животната средина и црногорските граѓани, јави РТЦГ. Вишокот оружје ќе биде уништено на некоја локација во Црна Гора.
Според податоците на Министерството за одбрана во воените складишта на земјата моментно има околу 2.000 тони вишок вооружување. По планираното уништување на 403 тона, ќе останат уште 1.600 тона.
Државниот секретар во Министерството, Слободан Филиповиќ изјави дека кога станува збор за вишок оружје, треба да се има предвид историскиот контекст и конфликтните случувања на овие простори, како и бројноста и функционирањето на некогашната војска.
- По обновата на независноста, Црна Гора наследи големи количини застарено оружје и средства коишто се нефункционални за потребите на Војската на Црна Гора. Црна Гора посветено работеше на решавање на овој проблем преку МОНДЕМ проектот, со којшто успеавме вишокот вооружување од над 10.000 тони да го намалиме за 85 отсто, појасни Филиповиќ.
Амбасадорот на Велика Британија во Црна Гора, Јан Витинг образложи дека целиот процес на уништување на тие 403 тони старо оружје ќе трае 15 месеци, и дека тоа ќе придонесе за безбедноста на црногорските граѓани.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
