Црна Гора воведе нови заштитни мерки заради спречување на ширење на коронавирусот
Црна Гора воведе нови мерки за заштита од коронавирусот иако нема ниту еден позитивен случај во земјата, јави Радио телевизија Црна Гора.
Новите мерки предвидуваат дека во деловен објект, без оглед на неговата површина, не може да има повеќе од 50 корисници истовремено. Поради мерките пред продавниците веќе има редови, како и пред банките, и некои аптеки.
Како дел од новите мерки на Националното координативно тело за заразни болести, граничните премини во Црна Гора се затворени за сите странци, освен оние со постојан или привремен престој.
Во маркетите и на пазарите, бројот на купувачи кои можат истовремено да бидат во објектот се ограничува до 100.
Сите образовни институции во Црна Гора ќе бидат затворени денеска, најмалку 15 дена, со цел да се спречи и навремено да се заштити здравјето на децата, наставниот и не-наставниот кадар од новиот коронавирус.
Владата претходно објави дека ќе ги повика медиумите да пренесуваа.т.н. наставна содржина за децата.
Ова, како што велат црногорските Власт, не е замена за настава, ниту пак ќе биде предмет на оценување по враќањето на училиште и целта на оваа мерка е да се одржи континуитетот на образовната програма доколку е можно.
Министерството за здравство препорача владините органи, јавни институции и претпријатија да воспостават работа од дома за работните места што тоа го дозволуваат.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор