Црна статистика за Бразил во 2020 година – Убиство на секои десет минути
Рестриктивните мерки поради коронавирусот во Бразил не успеаја да ги запрат убиствата во земјата. Според последниот Годишен извештај на бразилските власти за 2020 година, има дури и зголемување од 4,7 отсто во споредба со претходната година.
По две години во кои бројките се намалија, во последните 12 месеци има зголемување на бројот на насилни смртни случаи во државата – тие се вкупно 50.033. Ова значи дека во просек биле извршувани 6 убиства на секој час, или по едно на секои 10 минути.
Пикот на насилството е регистриран во март и април 2020 година, кога Бразил ги донесе најстрогите мерки поради пандемијата. Во тој период, скоро 4.800 луѓе беа убивани месечно. За споредба, во 2019 година се потврдени 47.742 тешки кривични дела во најголемата јужноамериканска држава.
Извештајот се базира на официјални податоци од 27 региони во земјата. Од нив, 16 пријавиле зголемување на насилна смрт и од тоа – 91,3 отсто од жртвите се мажи и 54,3 отсто се млади меѓу 18 и 24 години.
Вкупно 3.913 жени беа убиени. Од вкупниот број убиства, 6.416 се припишуваат на безбедносните сили – зголемување од еден отсто во споредба со 2019 година и најголема бројка од 2013 година.
Ново на Сител
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
-

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
