Македонија
4. September 2020 - 16:46

Црно ковид сценарио за јануари

Ќе ни се случи ли во јануари црно сценарио со голем број на заразени со Ковид 19 и сезонски грип? Министерот Филипче вели дека тоа го покажуваат сегашните проекции согласно епидемиолошката состојба. За евентуалниот есенски бран што не очекува, здравствените власти најавуваа и 16 монтажни болници низ државата кои со мало задоцнување треба да бидат спремни за два месеци.

-Доколку се случи некое такво сценарио, тоа што е сега таква проценка треба да биде во во јануари. Ова сегашно намалување и одржување на состојбата со бројот на заразени се должи на летните месеци. Меѓутоа голем број предвидувања и кај нас и во светот не се оствариле имајќи во предвид дека имаме работа со непознат вирус, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Климатските промени и загадувањето дополнително можат да ја влошат состојбата со наплив на пациенти во болниците. Лицата со астма и ХОББ, но и алергиите имаат речиси исти симптоми како и Ковид 19 па пулмолозите оваа есен ќе имаат тешка и напорна работа. 

-Многу голем број доаѓаат со клиничка слика на Ковид-19 и на почеток е тешко да се разграничат. Но ние со апаратот што ќе го имаме ќе направиме тестирање и ако е позитивен ќе го транспортираме до инфективните одделенија ако не ќе биде кај нас, вели др. Дејан Докиќ, директор на Клиника за Пулмологија. 

Освен на Пулмологија, апарат за брзо тестирање на сомнителни пациенти дали имаат Ковид-19 или некој друг есенски вирус ќе има и на Инфективна. Олеснителна околност за пулмолозите е што Клиниката од понеделник ќе прегледува во нови амбуланти каде ниту еден болен нема да влезе без мерење температура и дезинфекција.

Во новиот објект на Пулмологија има 4 амбуланти каде во секоја од нив дневно ќе прегледуваат по 12 пациенти закажани преку Мој Термин. Ќе има и и тна за лица со приоритетни упати. 

На Пулмологија неделно хоспитализираат  од 7 до 8 пациенти од Инфективна и ГОБ 8ми спетември кои иако се веќе ковид негативни, поради компликации од вирусот се уште имаат потреба од кислородна поддршка.