Балкан
25. November 2016 - 11:55

Црногорската полиција извршила претрес во кабинетот на министерот за внатрешни работи

Црногорската полиција денеска изврши претрес во Кабинетот на министерот  за внатрешни работи на Црна Гора во заминување, Горан Даниловиќ, кој во преодната Влада доаѓа од редовите на опозицијата, при што е одземено големо количество на документи кои се предадени на Специјалното обвинитество, јави Танјуг.

Повикувајќи се на свои извори, подгоричнкиот весник „Дневни лист“, објави дека во претресот на кабинетот на Даниловиќ учествувале припадници на специјалното полициско одделение и форензичари, по налог на Специјалното обвинителство. 

Претресот бил извршен вчера, а полицајците и форензичарите се фокусирале на документацијата поврзана со личните документи на граѓаните. 

Претресот, според сознанијата на „Дневни лист“ е извршен во рамки на истрагата на Јавното обвинителство, врз основа на кривичната пријава на владејачката Демократската партија на социјалистите (ДПС) од 14 октомври годинава. 

ДПС неколку денови пред октомвриските парламентарни избори поднесе кривична пријава против Даниловиќ, кој е функционер на опозициската коалција Клуч, поради „неовластено присвојување на лични документи на граѓаните“. 

Владејачката ДПС тврди дека поседува докази кои укажуваат на тоа дека Даниловиќ извршил низа кривични дела во врска со заштитена документација.