Црногорската полиција ќе ги казнува одговорните за денешниот непријавен собир

До црногорската Управа на полицијата до сега не е поднесена никаква пријава за оддржување на денешниот јавен собир во Подгорица, па затоа организаторите ќе ги сносат со закон предвидените последици, соопшти црногорското МВР.
„Секое евентуално собирање надвор од одредбите на Законот за јавни собири и јавни приредби ќе биде санкционирано, а организаторот ќе ги сноси законските консеквенци. На ваков начин ги повикуваме сите граѓани да се воздржат од излегувања на медиумски најавените собири како и да се почитуваат позитивните законски прописи и одговорно да придонесат за зачувување на јавниот ред и мир”, се наведува во соопштенето.
МВР на Црна Гора, исто така, наведува дека полицијата нема да дозволи собирања во близина на стратешките објекти, а ќе постапува по законските овластувања со цел да се оддржува јавниот ред и мир, непречено функционирање на државните институции и зачувување на личната, имотната сигурност и безбедноста на сите граѓани на Црна Гора.
Пратеничкиот клуб на Демократскиот фронт преку Фејсбук упати повик до верниците на Српската православна црква денеска во 11 часот да се соберат во знак на протест пред Собранието на Црна Гора, на која е планирана расправа и изгласување на Законот за слобода на вероисповедта.
Ново на Сител
-

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
-

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
-

Мајката тврди дека со двегодишното дете гледале огномет, слушнала звук по што видела крв на неговата глава
-

Германскиот полициски синдикат бара итна забрана на приватните огномети по црниот биланс за Нова година
-

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците
-

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови
-

Приведен 31-годишник во Тиквешко, обвинет дека ја нападнал тетка му
-

Луѓе и роботи во заеднички настапи за Нова година во Кина | ВИДЕО
