Живот
14. November 2016 - 9:45

Црногорски репортер направи гаф и стана хит на интернет

Новинарот на државната Телевизија Црна Гора (ТВЦГ), Александар Радовиќ јавувајќи се во утринската програма, направи гаф и стана хит на социјалните мрежи.

Имено, тој, незнаејќи дека е веќе вклучен во живо во програмата, ги почести соработниците околу него со доста несоодветна терминологија, посебно за утринска емисија.

Репортерот инаку, известуваше од манифестацијата „Викенд на добрата храна“, па можеби некој специјалитет предизвикал немир во телевизиската екипа.