Црногорскиот премиер утре во посета на Косово
Црногорскиот премиер Душко Марковќ утре ќе допатува во дводневна официјална посета на Косово.
Марковиќ требаше да допатува во Косово на 6 февруари, но посетата тогаш беше одложена бидејќи неговиот авион не можеше да слета на приштинскиот аеродром поради густата магла.
Марковиќ на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина треба да пристигне попладне, каде ќе го пречека косовскиот вицепремер Фатмир Лимај.
Предвидено е Марковиќ утре во Приштина да има средба со неговиот домаќин, косовскиот премиер Рамуш Харадинај, а в четврток да се сретне и со спикерот на Парламентот Кадри Весели и со претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Марковиќ ќе има средба и со претставници на црногорското малцинство во Косово.
Косовските медиумите наведуваат дека се очекува неговата посета да стави крај на прашањето за демаркацјата на границата меѓу двете земји.
Марковиќ неколкупати изјави дека за Црна Гора прашањето за демаркација на границата е „завршена работа“.
Ново на Сител
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство