Црногорско обвинителство: Уапсените Срби планирале апсење на премиерот Ѓукановиќ

Обвинителството во Црна Гора соопшти дека групата, која синоќа беше приведена под сомнение дека подготвувала вооружени напади кон крајот на денешниот изборен ден, планирала, исто така, да го уапси црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
Директорот на црногорската полиција Славно Стојановиќ денеска потврди дека во текот на минатата ноќ биле уапсени 20 лица од Србија, додека за едно се уште се трага, поради сомнеж дека на територија на Црна Гора извршиле кривично дело создавање криминални организации и тероризам.
Полицијата претпоставува дека тие влегле во Црна Гора со намера денеска, кога во земјата се одржуваат парламентарни избори, да извршат напади врз државни институции, полицијата и претставници на власта, не исклучувајќи ја можноста и за напад врз високи државници.
Во соопштението на специјалното обвинителство се наведува дека групата формирала „криминална организација“ во текот на овој месец со цел „да изврши дејствија врз законодавната и извршната власт во Црна Гора“.
Обвинителството додава и дека групата планирала вооружен напад врз граѓани, кои веројатно ќе се соберат пред зградата на Парламентот по завршувањето на изборниот ден, како и против полицајци. Тие потоа планирале да влезат во зградата на Парламентот и да прогласат победа на „некои политички партии“.
Црногорскиот министер за внатрешни работи Горан Даниловиќ ги предупреди грашаните да останат во своите домови по соопштувањето на изборните резултати, наместо да прославуваат на улиците.
Постои опасност и дека е можно да избијат судири низ улиците на Подгорица меѓу приврзаници на опозицијата и власта по објавувањето на резултатите од изборите.
Според црногорската Државна изборна комисија до 15 часот излезноста била 48,21 отсто од гласачите.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
