Црвен крст на РМ апелира да продолжи донирањето за настраданите во Тетовско

За помош на погодените од невремето во Тетовско досега се собрани 1.056.900 денари преку донаторските телефонски линии од трите оператори во Македонија, а на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ се уплатени 81.350 денари, соопшти Црвениот крст и ги повика граѓаните и правните субјекти и понатаму да се солидаризираат во хуманитарната акција.
Во текот на денов Црвениот крст за настраданите во Тетово и околината ја заокружува првичната дистрибуција на хуманитарна помош.
- Како дополнителна помош за семејствата од село Шипковица се дистрибуираат ќебиња 200 парчиња, душеци 30 парчиња и 20 пакети облека, јакни 50 парчиња, фармерки 120 парчиња, 25 пара детски патики и 40 пара машки чевли, информира Црвениот крст на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
