Црвен крст: Се одложува денешниот настан
Црвениот крст на Република Македонија информира дека поради лошите временски услови се одложуваат најавената презентација на резултатите од кампањата „Првата помош спасува живот“ и градскиот натпревар по прва помош
„Сакаме да Ве известиме дека денешниот настан се одложува за во понеделник поради лошите временски услови кој не може да се одржи градскиот натпревар по прва помош кој е дел на целокупниот настан. Целта беше да се презентираат постигнатите резултати од спроведената кампања по прва помош под мотото Првата помош спасува живот наменета за ученици од основни и средни училишта на територија на Република Северна Македонија,“ се наведува во соопштението испратено од Црвениот крст.
Отаму дополнуваат дека за промената на терминот ќе информираат дополнително.
Ново на Сител
-

Греењето на дрва се намалува секоја година за 10%, на граѓаните сега им се достапни и банки за струја кога произведуваат електрична енергија
-

Истрага за загрозување на животна средина
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
