Црвен крст: За три дена дистрибуирани 5.500 пакети со храна
Во текот на изминатите три дена, тимовите на Црвениот крст на РМ дистрибуирале 5.500 пакети со храна (еден пакет е наменет за четири лица), 55 тони вода, 190 душеци, 356 кебиња, 210 килограми облека, соопштија од Црвениот крст.
Информираат дека се укажани и 36 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст, а во целата операција вклучени се 80 лица, волонтери и стручна служба на Црвениот крст, седум мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.
- Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227) и во ОУ „Наум Наумовски Борче”, се истакнува во соопштението на Црвениот крст.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. На сметката до сега се собрани 5.151.486 денари, а од донирање по 100 денари со повик на 075/070/077 143 400 се собрани 7.910.000 денари со повик на телефоните.
Од Црвениот крст апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за Кочани
-
Пет лица уапсени во Куманово за брзо возење, едниот од нив имал 2.17 промили алкохол во крвта
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизелот поевтинуваат за половина денар
-
Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, грмежи и ветер
-
Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
-
Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски
-
Уапсен 91-годишник кој пукал со оружје во Тетово, го пријавил неговиот 66 годишен син