Црвениот крст на РМ ќе отвори Центар за логистика во Момин Поток

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе отвори Центар за логистика во Момин Поток во Скопје, во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина - 8 Мај.
Целта на отворањето на Центарот е зајакнување и унапредување на капацитетите за логистичка поддршка на националното друштво, како и придонес кон функционално единство, унифициран дизајн, видливост и препознатливост во државава и пошироко, соопшти Црвениот крст на РМ.
По повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвениот крст на Македонија се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, што се одвива под мотото „Насекаде за секого“.
- Насекаде во светот меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина е присутна за секого. Преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени лица и над 17 милиони волонтери Црвениот крст /Црвената полумесечина дејствува како сила за позитивна промена за најранливите категории население во ситуации како одговор на потреби во случај на катастрофи и вооружени конфликти, обезбедување поддршка во урбани центри и тешко достапни подрачја, како и застапување во нивна корист во политичките кругови и владите. Водени од oсновните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и да ги намалиме страдањето, пишува во пораката од Црвениот крст.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
