Црвениот крст со акција за помош на настраданите во експлозијата во Бејрут
По повод завчерашната експлозија во пристаништето во либанскиот главен град Бејрут, Црвениот крст на Република Северна Македонија информира дека се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население.
Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: „Помош за настраданото население во Либан“, како и да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400.
Оттаму посочуваат дека средствата можат да се донираат од 7 август до 20 август 2020 година и тие ќе бидат префрлени на Црвениот крст Либан за настраданото население во Бејрут.
Воедно, Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.
Ново на Сител
-
Изменет сообраќаен режим на булеварот „Србија“ поради снимање филм
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието