-->
-->
ЦСКА Москва прв финалист во Евролига
-->
Московска ЦСКА е првиот тим кој обезбњеди пласман во финалето кошаркарската Евролига.
ЦСКА го совлада рускиот ривал Локомотив Москва со 88-81 во првиот полуфинален натпревар на завршниот „Фајнал-фор“ турнир кој се одржува во Берлин.
До оваа победа московската екипа ја предводеше Французинот, Нандо Деколо кој средбата ја заврши со 30 поестигнати поени.
Сега ЦСКА ќе го исчекува исходот од вториот полуфинален меч во кој ќе играат истанболски Фенербахче и шпанската екипа Лаборал. Овој натпревар ќе се игра вечерва од 21 часот, додека завршните две средби, дуелот за 3.место и финалето, ќе се играат во недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања