ЦУК бара да се вклучиме во НАТО механизмот за помош – така може да се донесат искусни пожарникари
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информира дека денеска седница одржувала Управувачкиот комитет, на која донеле одлука за да им предложат на Владата за ангажирање на НАТО механизмот за помош.
-Денеска имавме седница на Управувачкиот комитет, на која донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош кој во суштина ги нуди истите работи како и механизмот на Европската унија, но преку него можеме да бараме помош во пешадија односно помош во искусни пожарникари. Во овој момент таква потреба немаме, но истата може да се појави во текот на денот. Во овој момент имаме доволен број на пожарникари, рече тој.
Според Ангелов, во моментов како најсериозни се пожарите на територијата на Пехчево, Старо Нагоричане, на Општина Кратово, на Македонски брод, на Свети Николе.
ЦУК соопшти дека е обезбедена меѓународна помош со ЕУ механизмот на цивилна заштита: од Србија еден хеликоптер (Agusta Bell 212) утрово во 9:45 слетал на скопскиот аеродром; од Чешка еден хеликоптер (Black Hawk) со капацитет на ведро од 3 тона се очекува чекува да пристигне вечерва. Од Германија се обезбедени два „ер трактори“ (AT802/2), за кои ЦУК дополнително ќе известат кога би можеле да пристигнат.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе