ЦУК: Донесен е акциски план за влезот и транзитирањето на мигрантите

Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи на денешната седница го донесе Акцискиот план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Македонија, со цел заштита на населението во државата од пандемијата заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава, како и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија.
-На седницата се утврдија оперативно стручни заклучоци при што, покрај донесувањето на Акциски план, институциите во Системот за управување со кризи (СУК) добија задача да извршат проценување на потребите во материјални и човечки ресурси потребни за справување со кризна состојба, со конкретен рок за доставување до ЦУК за истото да стане дел од Акцискиот план. Заклучок се донесе и субјектие во СУК да продолжат со сите свои планирани активности за справување со кризната состојба и истите да ги координираат во Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, каде што ќе се донесат одлуки и заклучоци за нивна реализација, се вели во соопштението од Главниот штаб.
Оттаму посочија дека согласно текот на седницата, прво, по реферирање за преземените мерки и активности на институциите од Системот за управување со кризи (СУК) за справување со кризната состојба од заразната болест Ковид-19, следуваше разгледување на записниците од седниците на Управувачкиот комитет, Групата за процена и Одлуката на Владата на Република Македонија за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата и тоа на подрачјата на јужната и северната граница, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата.
За заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2“ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението заклучоците беа преточени во заклучоци за идни активности, при што се адаптираше и Акцискиот план.
Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истовремено ја нагласи важноста за почитување и на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија за понатамошно максимално следење на препораките, упатствата, мерките, а и забраните во државата со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
