-->
-->
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани
-->

Во 09.53 часот преку единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во село Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.
Од ЦУК соопштија дека преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.
- Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители, соопштија од ЦУК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
