ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње

Локализиран е пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Се работи за пожар покрај патот кон село Урвич во Општина Боговиње. Пожарот е изгаснат од страната на патот, но е активен под патот каде што има голема провалија и не е пристапно. Гори претежно ѓубре, но и мал дел сува трева. Во близина нема куќи и објекти, стои во соопштението.
Пожарот, кој во 17:22 часот бил пријавен преку бројот за итни случаи 112, е локализиран од екипа од ТППЕ Тетово. ЦУК посочува дека дежурната екипа од ТППЕ Тетово се повлекува од терен. Во текот на ноќта со падот на температурата се очекува пожарот да се самоизгасне, а доколку биде активен ќе се интервенира утре рано.
За пожарот е известен и Националниот парк „Шар Планина“ кој, како што се наведува, ќе испрати свои вработени на местото и ќе информира за состојбата.
Ново на Сител
-

Повредата на Дончиќ е посериозна отколку што претходно се мислеше
-

Втор ден од Самитот „Македонија 2025“
-

Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот
-

Соопштение до јавноста од Рамсторе Македонија
-

Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД
-

Променливо и посвежо време со дожд и можни грмежи, утрово најстудено на Попова Шапка
-

Трамп ги најави темите за разговорите со Шји: Во Иран ќе победиме мирно или на друг начин
-

Американски медиуми пишуваат дека Иран се уште располага со голем дел од ракетниот арсенал
