Македонија
10. September 2023 - 20:32

ЦУК: Нема опасност од пожарот по манастирот и селото Зрзе, ниту по селото Кошино

Нема опасност по манастирот и селото Зрзе, ниту по селото Кошино во чија близина попладнево избувнаа пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Кракот што се движеше во насока на Зрзе е под контрола. Пожарот кај Кошино не го загрозува селото, но останатите краци не се под контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Нема опасност по манастирот и селото Зрзе, ниту по селото Кошино во чија близина попладнево избувнаа пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Тој додава дека двата ер трактори на ДЗС и хеликоптерот на МВР помогнале да бидат ставени под контрола краците кои ги загрозуваа двете села во општината Долнени, но останатите краци се уште се разгорени.

Претходно, Центарот за управување со кризи информира дека попладнево на територијата на Општина Долнени избувнале два пожара.

Според ЦУК, едниот пожар е над манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, а гори висока трева, нискостеблеста шума, како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон селото Зрзе.

Вториот пожар е над селото Кошино каде што, освен висока сува трева, гори и квалитетна дабова шума. Пожарот се приближил на околу 300 метри од првите куќи во селото.

-На терен се и прилепските пожарникари кои се обидуваат да воспостават контрола над пожарот од земја, информира ЦУК.