ЦУК: Нема пожари на отворено, 2 018 повици на 112 во последното деноноќие

Во последното деноноќие не се пријавени пожари на отворено, туку само неколку помали интервенции, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК информираат дека вчера, околу 13 часот, Гевгелија беше погодена од силно невреме со интензивен дожд и град сo големина на орев.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во 13 часот најмногу воден талог имало во Гевгелија, девет литри на квадратен метар. Невремето било особено интензивно во Негорци, Мрзенци и Богородица.
ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Во последното деноноќие имало вкупно 2 018 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 45,34 отсто, а 54,66 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 61,25 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 33,95, кон пожарникарите 1,11, а кон АМСМ 0,17 отсто од реалните повици кон 112.
Ново на Сител
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
