Македонија
10. јуни 2024 - 13:11

ЦУК: Падна потпорен ѕид на Детската клиника во Клинички центар | ВИДЕО

Центарот за управување со кризи информира дека е накосен потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар, а утрото стигнала пријава дека дел е срушен.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека з аова предупредувал една година, но дека не наишол на слух од институциите.

Тој тврди дека до ваквата состојба дошло поради подземните води. Од едната страна на ѕидот има паркинг, а од другата е улица „Белградска“.