ЦУК: Пожарот на градската депонија во Демир Хисар сè уште активен, но под контрола

Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало вкупно шест, од кои активен сè уште е пожарот на градската депонија во Демир Хисар, но е под контрола, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што известил ЈКП Комуналец Демир Хисар, на гасење на пожарот од 13 часот интервенираат пет пожарникари и две противпожарни возила.
-Во гаснењето учествуваат и пет работници и една градежна машина од ЈКП Комуналец Демир Хисар, а побарана е дополнителна помош од приватен субјект со уште една градежна машина. Пожарот опфаќал горење автомобилски гуми и појава на густ црн чад. Пожарот засега е под контрола, нема проширување на останатиот дел од депонијата меѓутоа поради појава на ветер гаснењето е отежнато. Пожарот е се уште активен неговото гаснење ќе продолжи и во текот на денешниот ден, соопшти ЦУК.
Центарот информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2317 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 62,02 отсто, а останатите биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици, кон Полиција биле упатени 54,58 отсто, кон Итната медицинска помош 40,08 отсто и кон пожарникарите 3,63 отсто.
ЦУК информира дека за денеска е најавено минирање на Каменоломот во Говрлево во општина Сопиште, кој е во сопственост на Цементарница УСЈЕ. Минирањето ќе го изврши фирмата МАК-ДРИЛ од Кавадарци во периодот од 10 до 15 часот.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
