ЦУК: Пријави за змии во населени места
Пријави за видени змии се евидентираат и во населени места, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК), нагласувајќи дека нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отстранување.
Од ЦУК замолуваат за разбирање, зашто во сезона на пожари, како што велат, пожарникарите не можат да се користат секогаш плус и за специфични други случаи.
- Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, пожелно е да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област, да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места, пишува во соопштението на ЦУК.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека