ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка

По пријава од граѓани на единствениот телефонски број за итни случаи - 112, санирани се оштетениот мост - надвозник пред Визбегово и пукната водоводна цевка на него, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Вчера, доцна попладне, по 17 часот, лице кое со автомобил се движело по „Јадранска магистрала“ во правец кон Блаце од мостот - надвозник, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ што е на влезот на Визбегово, забележало како паѓаат камења. Веднаш од страна на оперативните работници на Регионалниот ЦУК - Скопје, пријавата е доставена до општините Бутел и Карпош, а и до ЈП „Улици и патишта“, за нивно итно постапување и санирање на надвозникот, а и до МВР, при што полицијата се грижеше за општата безбедност и на сообраќајницата и во околина на изведувањето на работите за санирањето на мостот - надвозник. Во текот на вечерните часови, од страна на овластено лице на ЈП „Улици и патишта“, ЦУК беше известен дека е постапено по пријавата, се појаснува во соопштението.
Исто така, било пријавено дека на истиот мост - надвозник пред Визбегово, има пукната водоводна цевка од што се слева голема количина вода на коловозот под мостот.
- Од страна на оперативните работници во РЦУК - Скопје, пријавата била веднаш доставена до дежурните во ЈП „Водовод и канализација“ за нивно постапување. Во вечерните часови во ЦУК е добиена информација од јавното претпријатие дека дефектот бил саниран, во 20:30 часот, се додава во соопштението.
Од ЦУК додаваат дека е информирано во повеќе наврати за небезбедноста на овој мост.
- Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во повеќе наврати посочи и во јавноста и на институциите, а и на службите преку службено административно информирање, како и преку координативни средби за небезбедноста на мостот - надвозник пред Визбегово, при што беа изведени привремени решенија за да се зголеми безбедноста на граѓаните на и под мостот, се нагласува во соопштението.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
