ЦУК: Се уште има пожари на отворено, пријава за натрупана дрвена маса под мостот на Вардар во Скопско
Се уште има пожари на отворено и покрај врнежите од дожд. Двајца пожарникари од ТППЕ Прилеп вчера од 12:02 до 12:20 часот со едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Преку единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК од АД „Водостопанство“ е добиена пријава за поголемо натрупување на дрвена маса под мостот на реката Вардар на локација меѓу селата Јурумлери (Општина Гази Баба) и Долно Лисиче (Општина Аеродром).
Според пријавата, насобраните дрва и гранки на столбовите претставуваат опасност од излевање на реката и вршат притисок на носечките столбови на мостот заради што е потребно активирање на соодветна механизација за решавање на проблемот.
ЦУК наведува дека за проблемот се информирани надлежните служби на општините Аеродром и Гази Баба и АД „Водостопанство“ за расчистување на дрвената маса под мостот.
- Следи период од можни пролетни врнежи, па опасноста по мостот заради притисокот на солбовите од мостот и опасноста од заезерување над и околу мостот ќе биде поголема, потсетуваат од ЦУК.
Ново на Сител
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
-

Трамп вели дека Кушнер и Виткоф одат во странство за да разговараат за мир во Украина
