ЦУК: Седум пожари на отворено и апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување
Седум пожари на отворено се регистрирани во земјава во последното деноноќие. Два пожара биле во Скопје, а по еден во Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Старо Нагоричане и во Велес, соопшти ЦУК.
Локалните поројни дождови во последното деноноќие предизвикаа локални излевања на одредени реки и канали. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека водата од коритото што минува од село Вруток до село Бањица, Општина Гостивар, којашто поминува низ селото Мердита била излеана и влезена во двор и на две куќи и истата претставувала опасност од можно поплавување на објектите што се наоѓаат во непосредна близина. Од РЦУК Тетово биле известени надлежните во Општина Гостивар кои информирале дека ако има потреба ќе бидат ангажирани ЈП „Комуналец Гостивар“ за санирање на штетите и спречување на водата од понатамошно поплавување.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Ново на Сител
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани
-
Приведен малолетник од Тетово, фатен со дрога
-
Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туриза
-
Кремљ: Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина
-
Леклер: Не сме доволно брзи и покрај подобрувањата на болидот