ЦУК: Шест пожари на отворено во последното деноноќие, 1 953 повици на 112
Во последното деноноќие регистрирани се шест пожари на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Струмица вчера од 10:30 до 12:10 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селото Сачево. Со пожарот била зафатена поголема површина, поточно 20 хектари, а интервенирале пет пожарникари со две противпожарни возила, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
ТППЕ Велес вчера од 13:08 до 14:20 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалено ѓубриште во село Речани.
Двајца пожарникари со едно возило од ТППЕ Кавадарци вчера од 15:10 до 15:50 часот интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 1,5 декари во село Дреново.
Пожарникарите од ТППЕ Куманово вчера од 10:55 до 11:25 часот гаснеле запалена ниска вегетација во село Романовце.
ТППЕ Тетово вчера од 16:30 до 17:10 часот интервенирале на запалена ниска вегетација покрај патот за село Требош.
РЦУК Скопје информира дека вчера околу 14:40 часот добиле пријава за пожар на отворено на три километри северно од село Горно Количани.
-По комуникација со Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и ЈП „Национални шуми“ подружница Караџица, било констатирано дека пожарот е на непристапен терен на место викано Варвара. Дежурните екипи од ЈП „Национални шуми“ подружница „Караџица“ ја следат состојбата и ако утрово пожарот не е самоизгаснат, ќе заминат на терен, соопшти ЦУК.
ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Во последното деноноќие имало вкупно 1 953 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 46,34 отсто, а 47,28 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,16 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 27,99, а кон пожарникарите 3,36 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Ново на Сител
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
-

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
