ЦУК: Сите 22 пожари на отворен простор се изгаснати, активни нема

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашнио ден имало 22 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, и дека активни пожари нема.
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно координативните активности и известувања во Секторот за операции и координација, информира дека изгаснатите 22 пожари на отворен простор биле во:
- Општина Илинден населба „Илинден“ (каде што горело стрниште);
- Општина Чучер Сандево, спортски аеродром „Стенковец“ (сува трева);
- Општина Новаци, меѓу с.Брод и с.Бач (стрниште);
- Општина Могила, с.Беранци (сува трева и стрниште);
- Општина Прилеп, ул. „Три багреми“ (сува трева);
- Општина Струмица, с.Смолари (сува трева);
- Општина Валандово, с.Прдејци (сува трева и грмушки);
- Општина Струга, с.Горно Татеши (стрниште);
- Општина Кичево, с.Зајас (сува трева);
- Општина Велес, с.Ораовец (сува трева и трње);
- Општина Штип, месност „Дузлак“ (сува трева);
- Општина Пехчево, с.Умлена (дива депонија);
- Општина Тетово, автопатот Тетово-Гостивар кај мостот „Боговиње“ (сува трева и грмушки) и во
- Општина - Куманово, каде што пожарникарите од ТППЕ Куманово интервенирало на девет (9) локации и тоа во: населба „Банево трло“ кај месноста „Висто“ (сува трева), месноста „Пчински пат“ (сува
трева), населба „Бедиње“ (сува трева), с.Ново Село (сува трева), с.Проевце (сува тева), с.Слупчане (сува трева и стрниште), ул.„Никола Тесла“ (сува трева и стрниште), с.Романовце (сува трева и
стрниште) и во с.Ваксинце (каде што горела сува трева).
Од ЦУК, исто така, информираат дека паралелно со дејствувањето врз пожари на отворено, пожарникарите имале и повеќе интервенции на запалени различни објекти во населени и урбани места во
државата.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
