ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
Центарот за управување со кризи (ЦУК) изутринава апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, умерен ветер и со снег на повисоките места. Кога се оди со возило на планините, препорачливо е да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот.
- Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, ќе се извршат во повеќе наврати минирања на теренот, информираат од ЦУК.
Изминатото деноноќие немало пожари на отворено, имало само урбани.
- ЦУК издвојува два коишто се навидум наивни, ги има секојдневно, а се потенцијална опасност за палење поткровја и околни објекти. Тоа се пожарите на оџаци. Регионалниот ЦУК - Охрид информира дека пожарникари, вчера од 13.05 до 14 часот, со тројца пожарникари и едно ПП возило гаснеле запален оџак на улицата „8-ми Септември“ број 26, а РЦУК - Велес соопштува дека вчера од осум до девет часот, петмина пожарникари и две ПП возила гаснеле запален оџак на локален дуќан за скара во градот, наведуваат од ЦУК.
Оџаците, како што пожарникарите превентивно препорачуваат, е потребно да се чистат поредовно, се нагласува во соопштението на ЦУК.
Во последното деноноќие имало вкупно 1.583 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.
- „Реални“ повици биле 59,13 отсто, а 40,87 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 61,05 проценти, кон Итната медицинска помош - 35,96 отсто. Додека, кон пожарникарите - 1,12 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК, пишува во соопштението.
Ново на Сител
-
Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември
-
Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка
-
Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски
-
Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин
-
Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
-
Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите
-
Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола