ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна

Состојбата предизвикана од обилните врнежи од дожд и снег на територијата на целата држава се следи и е стабилна, оцени вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во Битолски регион, како што посочуваат од ЦУК, на подрачјето на Општина Демир Хисар се евидентирани заезерени површини на земјоделско земјиште во атарите на селата Граиште, Бараково, Единаковци, Света и Жван. Поради оштетување на мост, предизвикано од реката Боишка затворен за сообраќај е локалниот пат кон селото Мренога.
-Во Скопскиот регион до овој момент не се пристигнати пријави за нарушување на редовноста поврзани со последните врнежи. Состојбата се следи и е стабилна. Смиерена е и состојбата на подрачјата на општините кои ги покрива РЦУК Охрид, соопшти ЦУК.
Оттаму посочуваат дека во Кичевски регион во текот на денот се вршеше расчистување на последиците од поплавите на улицата „Прилепска“ со механизација и човечки ресурси од ЈП Комуналец Кичево, Армија на Република Северна Македонија (касарна Кичево), волонтери од Црвен Крст ОО Кичево и месното население.
-Евакуираните лица сè уште се сместени во салата Христо Узунов, каде им се обезбедува храна и лекови. Од утре, 13.01.2026 година, се планира дезинфекција на куќите на улицата „Прилепска“ и постепено враќање на раселените лица во нивните домови, прецизираат од ЦУК.
Во Велешкиот регион, додаваат, нема нарушување на редовната состојба, освен едно јавување преку Е-112 за помали одрони на патниот правец Скопје – Велес.
-Известена е Македонија пат, која најави интервенција на дежурна екипа, информираат од ЦУК.
Во Кумановски регион, како што велат, во Крива Паланка, ЈП Комуналец Крива Паланка расчистува одрон кај Градскиот стадион (настанат на 11.01.2026). Во тек е чистење на терминалот на ГП Деве Баир, како и расчистување и посолување на локалните патишта кон селата Кркља, Трново и Подржи Коњ.
-Секцијата Македонија пат – Крива Паланка информира дека сите патни правци се проодни, чисти и опесочени. Со механизација се работи на регионалниот пат П’клиште – Герман, кој е прооден во зимски услови. Секцијата Македонија пат – Страцин известува дека сите патишта се проодни и чисти, освен делницата од село П’клиште до село Ѓерман, за која е испратен дополнителен камион за расчистување, нагласуваат од ЦУК.
Во Тетовскиот регион во село Зубовце (Општина Врапчиште) патот е прооден, но поради замрзнат коловоз на околу 2 километри движењето е отежнато. Најавена е интервенција во текот на утрешниот ден. Во село Сенце (Општина Маврово) нема снабдување со електрична енергија поради падната бандера. Известена е ЕВН – секција Гостивар.
Во Струмичкиот регион, посочуваат од ЦУК, нема пријави за направени штети од врнежите од дожд. Не постои опасност од излевање на реките, ниту се евидентирани одрони или непроодни патишта. Ниту на териториите под надлежност на РЦУК Штип не се евидентирани нарушувања на редовните состојби предизвикани од обилните врнежи од дожд и снег.
МИА
Ново на Сител
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
