ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум пожари се изгаснати.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општина Пробиштип во атарот на село Плешинци кон село Стрмош каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во општина Куманово во атарот на село Винце каде гори сува трева и во општина Петровец на потегот од село Горно Коњари кон село Винце каде гори сува трева, грмушки и шума.
Под контрола е ставен пожарот во општина Кавадарци – над депонијата во Росоман каде гореше сува трева, а изгаснати се пожарите во општина Могила помеѓу селата Српци и Беранци (жито), општина Велес – Бојаџиина Чешма (сува трева, трње и лозови насади), општина Струга – Генц Комерц (ниска вегетација и стрниште), општина Студеничани – с. Студеничани (ниска вегетација), општина Врапчиште – с. Неготино (сува трева), општина Струга – с. Делогожда (сува трева), општина Куманово – Споменик Костурница (сува трева и борова шума) и општина Гевгелија – на правецот од с. Миравци кон с. Петрово (сува трева).
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
