ЦУК: Три пожари на отворено, во нива пронајдена граната
Три пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие, како и пријава за пронајдена граната во нива крај стариот пат Градско - Неготино, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Депонија горела во општина Центар кај месноста „Автополигон“ под Кале. Ниска вегетација горела кај селото Горно Оризари во општина Битола. Додека пак, сено горело во регионот на село Пеширово, општина Свети Николе, појаснуваат од ЦУК, додавајќи дека сите пожари се изгаснати.
Попладнето на 112 била добиена пријава за пронајдена граната.
- Таа била на 50 метри зад фирмата „Гулф БС“, крај стариот пат Градско кон Неготино. Повикувачот ја пронашол во негова нива. По вчерашната координација на ЦУК со субјектите од Системот за управување со кризи, веднаш на лице место отишле инспектор и кримтехничар од ПС - Кавадарци, со цел истата да ја обезбедат. Неексплодираното убојно средство безбедно ќе се отстрани во текот на денов, истакнуваат од ЦУК.
Оттаму препорачуваат во вакви случаи, граѓаните да не фаќаат и да не поместуваат, туку да пријават на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во Центарот.
Вкупно 1.377 повици на 112 се регистрирани изминатите 24 часа.
- Од нив, „реални“ - 62,16 проценти, а 37,84 отсто за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 56,89 проценти, кон Итната медицинска помош - 38,67 отсто, а кон пожарникарите - 3,11 проценти, од реалните повици, се додава во денешното соопштение.
Ново на Сител
-
Лишена од слобода скопјанка барана со потерница
-
Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции
-
Хрватска смета дека е неприфатлива одлуката на Црна Гора да ја донесе Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац
-
Поради градежни активности изменет режим на сообраќај во дел од Општина Аеродром
-
ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина
-
Пет лица загинаа во напад со дрон во руската област Курск
-
Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран
-
Состојба на патиштатa