ЦУК: Вчера имало 33 пожари, активни седум од вчерашните и четири нови од утрово
На тертиторијата на државава вчера имало вкупно 33 пожари. Активни од вчерашните се уште седум, а утрово има известување за четири нови пожари, два во Општина Ѓорче Петров и по еден во општините Петровец и Шуто Oризари, каде што се запалени отпадоци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
По дел од пожарите што загрозуваа села, како што се наведува во соопштението, се дејствувало и со два противпожарни авион на ДЗС и со еден хеликоптер на МВР, а некаде покрај ПП тимови во одбрана на селата се вклучи и месно население, како во Демирхисарско.
Големите активни пожари од вчера, заради коишто директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, лично направи хеликотерско извидување во соработка со хеликоптерската единица на МВР се во:
- Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава на непристапен терен (каде што гори борова шума);
- Општина Штип, два пожара од поголеми размери, еден кај с.Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума) и еден пожар с.Калапетровци (дабова шума и сува трева);
- Општина Крушево, кај селата Света и Бирино (дабова шума);
- Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ (нискостеблеста шума);
- Општина Валандово, с.Пирава, месност „Бел Камен“ (ниска вегетација) и во
- Општина Струмица, кај с.Габрово (каде што горела ниска вегетација).
- По рекордот од 60 пожари во неделата, вчера имаше „само“ 33 пожари на отворен простор од коишто во моментот горат се уште седум од вчерашните и четири нови од утрово, велат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска
-
МЗ: На лекување во странство се 69 пациенти, нема промена во нивната состојба
-
45-годишен скопјанец физички нападнат од група малолетници во двор на основно училиште
-
Приведени двајца скопјани, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив
-
Протестен „Марш за ангелите“ се одржа во Кочани
-
Сообраќајна несреќа во Струга кај магистралниот пат А-2, три лица се здобиле со повреди