ЦУК: Вкупно 2 020 повици на бројот 112
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие се регистрирани 2 020 повици на бројот за итни случаи 112.
Според ЦУК, од повоците „реални“ биле 44,36 отсто, а 55,64 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полицијата биле упатени 62,26 отсто, кон Итната медицинска помош 30,94 проценти, а кон пожарникарите 4,53 отсто од реалните повици кон 112.
-Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,26 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 55,64 отсто, вкупно 1 130, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК), соопшти ЦУК.
Во саботното деноноќие пријавен е само еден помал пожар на отворено, но, имало пожари во урбани средини при што се ангажирани поголеми противпожарни тимови за гаснење на запалени објекти.
-Во Скопје, пожарникарите од 23:40 часот, со тим од 11 пожарникари и 4 возила гаснеле запалена куќа на површина од 100 м2 во Арачиново, во истоимената општина. Од 14:15 до 15:30 часот, со 6 пожарникари и 2 возила, гаснеле запален магацин со санитарија на површина од 60 m2 на ул. „Стар Качанички Пат“ бб во Општина Бутел, од 04:00 до 05:00 часот, со 4 пожарникари и едно возило гаснеле запалени три патнички возила на ул.„Алија Авдовиќ“ во Општина Гази Баба и имале уште една помала интервенција поради запалени отпадоци. Во Гевгелија, пожарникарите од 08:10 до 11:40 часот, со 8 пожарникари и 3 ПП возила, гаснеле запалена подрумска просторија во зграда на ул.„Маршал Тито“ бр.130 во с.Богданци. Во текот на интервенцијата, станарите од зградата биле евакуирани со корпа со кран од страна на фирмата „Пеливан компани“. Во Куманово, известува дека пожарникарите имале една интервенција поради запалени електрични броила пред зграда на ул.Кирил и Методиј. Пожрникарите имале интервенции и во други населени места во државата, но во помал обем со стандардни помали тимови, наведува ЦУК.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар