Џет-Сет
4. September 2017 - 11:19

Цукерберг ја покажа својата штотуку родена втора ќеркичка

Неколку дена откако му се роди второто дете на Марк Цукерберг, тој објави и фотографија од девојчето на својот Фејсбук профил. Нејзиното име е Огуст.

- Огуст, многу те сакаме и сме возбудени што сето ова ќе продолжи. Ти посакуваме радост, љубов и истата надеж којашто ти ни ја даваш, велат среќните родители во коментар до објавата.

Цукерберг ќе си земе и двомесечен одмор за целосно да им се посвети на бебето и на своето семејство.