Д-р Беќаровски: Веќе прегоревме во овој бран со делта сојот

„Уште во јуни апелирав да се вакцинираат, а тие слободно влегуваа, не се вакцинираа, правеа свадби во затворено. И веќе прегоревме во овој бран со делта сојот“ - изјави д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во гостувањето во „Утрински брифинг“.
Тој, набројувајќи ги земјите од региот како Хрватска и Србија, и објаснувајќи го нивниот начин на внимателно избирање на мерките за заштита од Ковид-19 за време на летната сезона, се обиде да ги наброи нашите грешки, кои резултираат со голем раст на новозаболени овој период, иако предвидувањата на експертите се дека, не очекуваат уште потешки ковид-сценарија во Македонија.
„Човек кој има пиљара кашла, се тестира позитивен и целата неговата фамилија е позитивна. Но не може да ја затвори пиљарата, зошто му е извор на егзистенција. Оди на лекар и не кажува дека е болен. Тоа се луѓе кои системот не ги регистрира како ковид позитивни“, вели д-р Беќаровски.
Докторот во своето гостување, говорејќи за пандемијата, голем дел посвети објаснувајќи ги причините зошто сме далеку од имунитет на стадо, или познато како колективен имунитет.
„За некои работи навистина се однесуваме како стадо. Сабота недела гледаме шпанско, италијанско, англиско превенство, преполни стадиони, а таму смртноста е помала поради добро спроведена вакцинација. Кај нас е поголема, а причината е многу едноставна, прво кога дојдоа вакцините сите прашувавме за нејзината ефикасност“ - изјави д-р Беќаровски.
Дополнително, во своето гостување предвиде и тој, исто како и другите експерти дека бројките на новозаразени ќе растат, а кластерите од политичките митинзи ќе резултираат за 15 денови.
Ново на Сител
-

Осум од 11 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возило, управувале возило без возачка дозвола
-

Инфлацијата во февруари во однос на јануари 0,2 проценти
-

Во јануари 256 одобренија за градење, пад од 19,2 проценти на годишно ниво
-

Муцунски: До крајот на неделава очекуваме да бидат евакуирани сите македонски државјани што побарале извлекување од Блискиот Исток
-

Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за пет денари по литар
-

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Владата е Македонија да има најниски цени на енергенси
-

Пред трагедијата во „Пулс“ на настап на ДНК во Гевгелија од прскалки се запалиле звучници и платно
-

„Миланова игра“ - вечер посветена на творештвото на Милан Завков на 27 март во Филхармонија
