Македонија
8. November 2020 - 20:34

Д-р Лазаров: Следнава недела не очекува уште полоша и потешка епидемиолошка состојба

Д-р. Лазаров во објава  на својот фејсбук профил посочува дека епидемијата е далеку од природен замор, напротив, како што појаснува, според науката, во текот на следнава недела ќе имаме уште полоша и потешка епидемиолошка состојба. 

„Минатата недела за Фокус имав изјава дека за оваа недела очекуваме 1200 на ден.
Јас не сум видовит ниту измислив топла вода, епидемиологијата научно објаснува а јас во тоа верувам и почитувам. Наредната ќе биде уште полоша бидејќи ништо сериозно и драстично не превземаме, убеден сум дека епидемијата е далеку од природен "замор" по она што го гледам кај моите пациенти, кои се одличен статистички примерок од повеќе аспекти. И минатата недела, еве и сега, пцујте и вреѓајте, мислете поинаку, тоа никако не ја менува ситуацијата. Јас имам обврска да зборувам вистина, простете, на кој не му одговара, нека не ме чита.“ стои во постот на Фејсбук, д-р. Лазаров.

 

Минатата недела за Фокус имав изјава дека за оваа недела очекуваме 1200 на ден. Јас не сум видовит ниту измислив топла...

Posted by Nenad Lazarov on Saturday, November 7, 2020