Д-р Марјан Шокаровски е нов директор на Кардиохирургија
Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, а за нов организациски директор е назначен Исак Јакупи, соопшти Министерството за здравство.
Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар - Загреб, има повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицинскиот факултет-Скопје.
-Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така, се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, информира Министерството за здравство.
Назначувањето на Шокаровски следува по разрешувањето на досегашниот директор на оваа клиника, д-р Сашко Јовев, по одлука на министерот за здравство Фатмир Меџити.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот