Македонија
10. January 2022 - 19:08

Д-р Нико Беќаровски: За децата Омикрон е обична вироза

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбука напиша дека за децата Омикронот претставува обична вироза, какви што имало секоја зима.

„Ако во Грција со преку 20.000 нови случаи и во Хрватска со 9000 нови случаи секој ден, ДЕНЕС ЗАПОЧНА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, нема ниту една причина некое си “САМОПРОГЛАСЕНО ЗДРУЖЕНИЕ” да бара on line настава во Македонија.
За децата омикрон е обична вироза, какви што има секоја зима !!!
Местото на децата е во училишните клупи, а на неработниците вон образованието.
Единствено може почетокот да се одложи до понеделник 24 јануари“, напиша Беќаровски на Фејсбук.