Да ѝ помогнеме на Моника Бојковска да оздрави
Моника Бојковиќ (28) од Куманово боледува од тумор на рбетот и по четирите тешки операции и зрачења не може да се движи.
За да застане на нозе мора да помине низ сложен процес на рехабилитација, кој може да го добие надвор од државата. Нејзиното семејство не е во можност само да ги плати скапите третмани, поради што бара помош од хуманите луѓе.
„Моника имаше 24 години и беше студент кога ги почувствува првите симптоми на болеста. Имаше болки во нозете и почна неочекувано да паѓа додека се движи. Кога ги направи медицинските прегледи и беше дијагноситициран тумор на рбетот. Прво се оперираше во Истанбул, Турција, па во Хановер, Германија и два пати во Скопје. По последната операција целосно го изгуби осетот на нозете, поради што мора да отиде на третман со роботика во приватна клиника во Ниш. Потребни се 14.000 евра, кои самите не можеме да ги обезбедиме. Четири години живееме во страв и неизвеснот за нејзиното здравје, а и таа не ја губи надежта дека ќе прооди. Ги повикуваме сите хумани луѓе да ни помогнат Моника да застане на нозе, тоа е најголемата нејзина и наша желба“, велат од семејството Бојковиќ.
Лекарите од Нишката клиника им рекле дека се работи за долг и сложен процес, кој на крај ќе даде резултати, но проблем се финансиите. Фондот за здравствено осигурување на Македонија не ги покрива трошоците за ваквите третмани затоа што ги смета за алтернативна рехабилитација.
Сите кои сакаат да помогнат тоа можат да го сторат на бројот на Телеком 143 133, кој ќе биде во функција до 20 април, додека бројот на А1 143 402, останува и понатаму.
Сметка за донациja:
200003713266013 - Стопанска банка АД Скопје
Девизна сметка:
IBAN: MK07200003829899589
SWIFT CODE: STOBMK2X
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Инспекторите на терен, дел од книжарниците продаваат по стари цени
-
Албанскиот буквар бил одобрен од Бирото за развој на образованието како дидактичко помагало
-
Ќе се менуваат кадрите во историските комисии со Бугарија и Грција
-
Министерот Фидан во официјална посета
-
Објавен јавниот повик – Општините добиваат 250 милиони евра за развојни проекти
-
Стопанската комора се откажа од барањето за одложување на Законот за нефер трговија
-
Случајот „Онкологија” и по една година се уште во истражна постапка – Клиниката најголем должник