-->
-->
Да Силва: Обвиненијата против мене се фарса и пиротехнички спектакл
-->

Поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, кому ќе му се суди за корупција и перење пари поради аферата „Петробраз“, обвиненијата против него ги оцени како фарса и пиротехнички спектакл.
- Разочаран сум бидејќи штотуку дознав дека судијата Сержио Моро го примил обвинението против мене и покрај тоа што тоа е фарса, голема лага, голем пиротехнички спектакл, рече Лула да Силва.
Моро изјави вчера дека има доволно докази за почнување судски процес против Да Силва, неговата сопруга и уште шест лица во врска со корупцискиот скандал со државната нафтена компанија „Петробраз“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
