Дачиќ: Дојдовме на терен каде има многу нагазни мини
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека во меѓународната заедница има „многу негативни коментари“ за ситуацијата во Косово „во врска со незадоволството од политиката на Курти“ и неговото непочитување на договорите постигнати во Брисел.
Дачиќ за телевизија Пинк изјави дека „целта на сето ова е да се создаде атмосфера на несигурност и страв и да се создадат услови за иселување на Србите“ од Косово.
– Предупредивме дека дојдовме на терен каде што има многу нагазни мини и дека не знаеме каде завршува тоа минско поле, наведе Дачиќ.
Тој додаде дека „во суштина имаме процес кој оди спротивно од очекувањата на сите кои го водат дијалогот“.
Според него, централно прашање за Србија е формирање на Заедницата на српските општини, што никако да дојде на дневен ред.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга