Дачиќ: ЕУ со двојни стандарди го дозволи Северен, но не и Јужен поток
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ЕУ покажала двојни стандарди со недавањето дозвола за изградбата на гасоводот Северен поток, но не и за изградбата на Јужен поток.
На Меѓународната конференција за енергетска безбедност на евроазискиот простор во Белград, Дачиќ истакна дека Србија сака да соработува со сите во областа на енергетиката, како и за други прашања на меѓународната соработка и истакна дека Србија, за жал, не можела да го изгради Јужен поток, бидејќи овој проект, за разлика од Северен поток, не го поминал Третиот енергетски пакет на ЕУ.
За нас тоа беше најдобра опција и овој проект не беше на сметка на другите, посочи Дачиќ.
Тој додаде дека проектот бил во интерес и за регионот и за ЕУ, која претходно уверуваше да проектот е изводлив и дека е договорена неговата реализација.
Реалноста е дека Северен поток е иземен од Третиот енергетски пакет, а Јужен поток не е. Цехот го плати Србија и другите земји во регионот. Овие два проекти се суштински слични, можеби и не само во однос на капацитетот и намената, а имаа различна судбина, наведе Дачиќ.
Тој додаде дека ист е само изворот на гасот – Русија, а разликата е во тоа што едниот гасовод е наменет за Германија, а другиот за замјите од регионот.
Од ова може да се види дека постојат двојни стандарди во одлучувањето, бидејќи она што е можно за Германија и за некои други земји, за Србија и земјите од регионот не им е можно. Она што пресуди за да се спроведе Северен поток, а да не се реализира Јужен поток – тоа е политиката и нечија претпоставка дека Русија би можела преку гасот да влијае врз политичките настани во регионот на Југоисточна Европа, но не и во Германија, оцени Дачиќ.
Тој истакна дека ова е исто кога некој и забележува на Србија поради тоа што не и наметнува санкции на Русија, игнорирајќи го фактот дека трговијата меѓу Србија и Русија бележии пад како последица на политичка криза во однос на периодот пред санкциите, додека во земјите што ги воведоа санкциите истата е зголемена.
– Толку за принципите и двојните стандарди, истакна Дачиќ.
Ново на Сител
-
Без субвенции од општината јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хиругија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос
-
Економски форум „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан“
-
Трета меѓународна конференција за унапредување на безбедноста во сообраќајот
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Без субвенции од општината, јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот