Дачиќ: Не честитавме, но имаме позитивно мислење за договорот
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека Србија не и честитала на Македонија за Договорот за решавање на спорот со Грција, бидејќи нема што да се честита, пренесува Бета.
- Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме. Имаме позитивно мислење и поддржуваме секаков договор со кој се договара работите да се решат по мирен пат, изјави денеска Дачиќ, прашан дали Србија и честита на Македонија.
Дачиќ, на прес-конференција со неговиот колега од Либерија, рече дека договорот меѓу Атина и Скопје е билатерално прашање и дека Србија нема потреба да се вклучува, бидејќи не е поканета.
- Секако дека сакаме да се реши и посакуваме среќа и на Атина и на Скопје, да не влегуваме во тоа кој како се вика, и тоа да придонесе за стабилноста на регионот, изјави Дачиќ.
Посочи дека сите чекаат крај на процесот околу Договорот меѓу Македонија и Атина.
Ново на Сител
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните