Дачиќ: Не е познато кој стои зад киднапирањето на српските државјани во Либија

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека не се знае кој стои зад киднапирањето на српските државјани во Либија, јави Танјуг.
- На патот кон Тунис дошло до пресретнување на колона во која бил и амбасадорот, а во друго возило двајцата вработени во амбасадата. Според извештаите бил отворен оган, а еден либиски државјанин е погоден во нога, изјави српскиот министер за РТС.
Според Дачиќ состојбата во Либија е нестабилна и моментално има една влада во Бенгази и една во Триполи. - Одделни делови на земјата се под различна контрола, истакна тој.
Српскиот министер за надворешни работи нагласи дека разговарал со либискиот колега, како и дека за настанот се информирани безбедносните служби.
- Немаме информации кои се киднаперите. Никој не се јавил да бара нешто. Формиран е кризен штаб кој работи на решавање на вонредната ситуација, за тоа е информиран и премиерот, така што цела држава е ангажирана, истакна Дачиќ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
-

САД создаваат 12 милијарди долари залихи во руда - Македонија не ги искористува ресурсите
-

Државата размислува за изградба на државен дата-центар, но ниту една компанија не пројавила интерес за инвестиција
