Дачиќ: Не можете, додека апсите Срби, да зборувате за нов договор
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека елиминирањето на причините за последните настани на Косово може да доведе до деескалација на ситуацијата, јави дописникот на МИА од Белград.
– Не можете, додека апсите Срби и додека одбивате да го спроведете договорот, да зборувате за нов договор, изјави Дачиќ за новинарите во МНР.
Тој рече дека премиерот на Косово, Албин Курти, во моментов е најголемата закана за мирот и стабилноста, бидејќи предизвикува индивидуални инциденти.
Одговарајќи на прашањето што ќе се случува понатаму, имајќи предвид дека Курти изјави дека отстранувањето на барикадите не може да помине без жртви, Дачиќ рече дека сите настани на Косово се резултат на непочитување на Бриселскиот договор.
– Ова е причината за сето она што се случува, вклучително и за барикадите, кои не се поставени за да го нарушат сообраќајот, туку се дел од политички протест поради неисполнувањето и прекршувањето на тој договор, кажа Дачиќ.
Тој потсети дека на Србите на Косово не им било дозволено да гласаат на референдумот и на изборите (во Р. Србија), а косовската полиција била испратена на северот на Косово, што е спротивно на Бриселскиот договор.
Ново на Сител
-

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
