Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека нашиот вршител на должност во Амбасадата на Србија во Словенија ги отфрлил наводите на Министерството за внатрешни работи на Словенија за изјавата на претседателот Александар Вучиќ поради што е поканет на разговор.
„Тоа претставува инверзија на реалноста, бидејќи наместо Словенија да и се извини на Србија за нарушување на нејзиниот територијален интегритет со признавањето на Косово и Метохија, а Советот за безбедност на ОН ги прекрши сите правила за присуство на седниците со тоа што дозволи Османи да ги донесе наводните жртви, без никакво известување до Србија за ова, што никогаш досега не се случило во ОН, словенечките власти бараат извинување што претседателот Вучиќ ја изразил својата огорченост поради ваквиот потег кој очигледно бил договорен претходно“.
Тој додаде дека не сака да потсети дека Србија го поддржала изборот на Словенија во Советот за безбедност и дека ваквите потези на Словенија во меѓународните организации ги нарушуваат нашите билатерални односи
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
